Продолжуваат гужвите пред вакциналните пунктови
Нервозни граѓани кои со часови чекаат ред за вакцина на високите температури и службени лица кои се обидуваат да спроведат ред меѓу гужвата. Ваквата слика пред вакциналните пунктови во главниот град веќе стана секојдневие откако стапија во сила новите мерки. Пред Поликлиниката Букурешт денеска се чека и по неколку часа. Граѓаните велат дека на некој начин се принудени да се вакцинираат поради ограничувањата на движењето за тие кои немаат ниту една доза вакцина.
Од Поликлиниката Чаир, пак, велат дека вакцинацијата се одвива добро и без никакви проблеми. Со кадарот со кој располагаат дневно во просек боцкаат меѓу 900 и 1.000 лица.
Од Министерството за здравство велат дека нови пунктови ќе бидат отворени само ако има потреба.
„Сите опции се отворени и доколку се зголеми интересот на граѓаните за вакциниација и има потреба од отворање нови капацитети, истите ќе се отворат”, велат од Министерството за здравство.
Инаку, вчера се вакцинирале над 17.600 лица, од кои скоро 13.300 примиле прва доза.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
