Бајден: Кризата во Авганистан не е неуспех
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа го бранеше повлекувањето на американските трупи од Авганистан, истакнувајќи дека не мисли оти кризата претставува неуспех, тврдејќи оти немало подобар начин тоа да се изведе.
Тој во интервју за Еј-Би-Си Њуз на прашањето дали имало грешка во разузнавачките податоци, планирањето, извршувањето или процената довеле до ситуацијата во Авганистан, истакна дека не мисли оти тоа е неуспех.
– Имаше влада на Авганистан, лидерот на владата влезе во авион, полета и замина во друга земја. Видовте значителен колапс на авганистанската армија, која ја обучувавме, тоа се случи. Тоа едноставно се случи, посочи Бајден.
Тој на прашањењто дали повлекувањето можело да се изведе на поинаков начин одговори: „Не”.
Бајден посочи дека хаосот во Авганистан бил неизбежен по повлекувањето на американските трупи, иако со месеци ветуваше сигурно повлекување.
– Единствена работа која не ја знаевме е што ќе направат талибанците, дека ќе се обидат да ги спречат луѓето да излезат. Што прават сега? Соработуваат, дозволувајќи американските граѓани да излезат. Американскиот персонал заминува, амбасадите заминуваат, и така натаму. Но, имаме потешкотии со тие кои ни помагаа додека бевме таму, посочи Бајден.
Ново на Сител
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае
-
Академски пленум: Вучиќ итно да поднесе оставка
-
Зеленски ја отфрли идејата на Путин за средба во Москва: Тој „може да дојде во Киев“