Талибанците го зазедоа и Кандахар, вториот по големина град во Авганистан
Талибанците ја продолжија офанзивата во Авганистан, заземајќи го вториот по големина град – Кандахар.
Кандахар е главен град на истоимената провинција, но е посебно место за талибанците, бидејќи нивното движење потекнува од ова место. Со оваа акција, тие го продолжија својот марш кон главниот град Кабул, имајќи предвид дека за нецела една недела претходно освоија уште 12 провинциски главни градови.
Според досегашните информации, службениците во Кандахар успеале да стигнат до аеродромот пред во градот да влезат талибанците.
Тие сега го опколија Кабул и прашање на време е кога ќе успеат да го нападнат градот. Најдобар момент за тоа, сметаат експертите, е 1 септември – датумот кога американските војници пристигнаа во Авганистан во 2001 година, откако претседателот Џо Бајден најави целосно повлекување на војниците до 1 септември 2021 година.
Токму оваа одлука им овозможи на талибанците да тргнат во офанзива, без страв дека американските или НАТО војниците ќе ја попречат нивната кампања. Американските власти денеска им наредија на вработените во нивната амбасада да се подготват за евакуација, и им порачаа на граѓаните да ја напуштат територијата на Авганистан што е можно поскоро.
САД наскоро ќе испратат околу 3.000 војници, што ќе овозможи ефикасна евакуација на амбасадата, бидејќи аеродромот во Кабул е под постојан надзор на талибанците. Пентагон објави дека една армија и два пешадиски баталјона ќе влезат во Авганистан во следните два дена заа да ја обезбедат областа на аеродромот.
Обединетото Кралство, исто така, ќе испрати околу 600 војници поради евакуација на своите граѓани.
Талибанците сега контролираат две третини од Авганистан, а американските експерти проценија дека Кабул ќе „падне“ за само 90 дена, иако е можно рокот да биде скратен, со оглед на брзото напредување на талибанците.
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор