Повеќе загинати при принудно слетување на туристички хеликоптер со 16 патници на Камчатка
Повеќе лица загинаа при тешко слетување на хеликоптер на Далечниот Исток на Русија, во Камчатка, јави Тасс, повикувајќи се на извор од итни спасувачки служби, пренесе ДПА.-Според прелиминарните податоци, при тешкото слетување на хеликоптерот, осум лица загинаа, а останатите осум се спасени. Хеликоптерот потона, соопшти Тасс рано утринава, повикувајќи се на изворот.
Руската агенција подоцна ја цитираше Марина Волкова, заменик-министер за здравство на Камчатка, дека девет лица преживеале. Се верува дека во хеликоптерот Ми-8 имало 13 туристи и тројца членови на екипажот.
-Се истражуваат информациите за останатите туристи и членови на екипажот, кажа Волкова.
Тасс пренесе дека во 50 минути по полноќ по московско време (21.50 часот по средноевропско време) добила информации за „тешко слетување на хеликоптер „Ми-8“ на компанијата „Витајаз-Аеро“ во област на Курилското Езеро, во резерватот Кронотски”.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги

