СДСМ: Мицкоски седи на страна, саботира, одмага и се обидува да профитира од пожарите
Политичкиот пироман Христијан Мицкоски, без трошка совест и елементарно чувство за одговорност и морал седи на страна, саботира, одмага и се обидува да профитира од пожарите.
На идентичен начин Мицкоски се однесуваше и за време на ковид пандемијата. Се обидуваше да ги манипулира граѓаните со конструкции, лажни обвинувања и измислици дека јавното здравство нема тестови, лекови, дека нема знаење да се справи со корона кризата.
Сега повторно Мицкоски ги омаловажува напорите на институциите да се справуваат со пожарите и со лажни и неосновани обвинувања се обидува да сее страв.
Не постои друга политичка партија која толку силно ги мрази сопствените граѓани само затоа што не ја добива нивната доверба.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги изгубија парламентарните избори токму заради ваквото некрофилско однесување, а граѓаните ќе ги казнат и на локалните избори.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Охрид домаќин на финалниот турнир во ракометниот Куп на Македонија
-
Абутовиќ и во новата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер
-
Фудбалерките на Љуботен го освоија Купот на Македонија
-
Босна ја освои титулата во АБА 2
-
Папата Лав Четиринаесети го прими Синер
-
Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид
-
МВР со апел за безбедни матурски прослави
-
457 лица заа 3 години загинале во сообраќајки во Македонија