-->
-->
Уапсен мажот кој се закануваше со бомба во зградата на украинската Влада
-->
Уапсен е мажот кој се закануваше дека ќе активира бомба во седиштето на Украинската Влада.
Првично не беше јасно зошто влегол во зградата.
„Ова е вистинска граната, изнесете ги луѓето одовде“ рекол човекот додека покажувал отстранета игла од бомбата, според видеото што кружи на интернет.
Чуварот повикал полиција, по што веднаш пристигнале припадници на специјалните сили.
Во инцидентот нема жртви и, според полицијата, предметот навистина бил рачна бомба. На напаѓачот сега му се заканува казна затвор до 15 години.
Локалните медиуми тврдат дека станува збор за Владимир Прокнич, кој претходно се борел во Донбас и дека бил деминер во доброволната единица Ајдар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД