Во Кочани е активен крак од пожарот и може повторно да се разгори, најлошо е во Старо Нагоричане
Најлоша е ситуацијата во Старо Нагоричане, во некои села каде што вчера раководителот на секторот за операции и координации на Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше во акција на евакуација на граѓани кои беа загрозени и таму од пожарот беа зафатени неколку куќи, но беа спасени човечки животи, изјави денеска директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.
Во Кочани, како што посочи, нема опасност по градот, но пожарот се уште не е изгаснат.
– Цело утро, двата хеликоптери гаснеа, се уште еден крак е активен и тоа до вечер може повторно да стане катастрофа, да отиде во сите можни насоки, бидејќи ако во Скопје дува ветер, во Источна Македонија дува малку повеќе, рече Ангелов.
Додаде дека доколку забележат дека огнот оди во насока на населено место веднаш пристапуваат кон евакуација на луѓето.
– Имаме многу законски недоречености, законски и подзаконски несовршености, целото тоа го игнорираме, креираме на лице место, даваме се од себе, ги премостуваме сите проблеми кои ќе се појават со оној капацитет што го имаме, а факт е дека е скромен, рече Ангелов.
Ново на Сител
-
Видео порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН
-
ОЈО: Три лица под сомненија за изнуда на пари од скопјанец
-
Во Белград претпладнево ќе се одржи воена парада
-
САД планираат да му продадат оружје на Израел во вредност од речиси шест милијарди долари
-
Руски авиони упаднаа во Естонија
-
Русија ја нападна Украина со дронови и ракети, Полска крена во воздух борбени авиони
-
Вечерна богослужба и Литија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје
-
Наутро ведро и посвежо, преку ден сончевоНаутро ведро и посвежо, преку ден сончево