Симон Бајлс: Не завршив со спортот, но не треба да објаснувам зошто го ставам здравјето на прво место
Американската гимнастичарка Симон Бајлс рече дека не ги напуштила тренинзите засекогаш и покрај тоа што се повлече од повеќето натпревари на Олимпијадата во Токио.
– За оние што велат дека завршив. Не сум завршила. Едноставно, мојот ум и тело не се синхронизирани. Мислам дека не разбирате колку е опасно ова во време на жестока конкуренција. И не треба да објаснувам зошто го ставам здравјето на прво место. Физичкото здравје е поврзано со менталното здравје. Проблемите одеднаш започнаа по квалификациите, веќе следното утро. Ги искусив овие чувства и порано. Не е забавно, напиша Бајлс на социјалните мрежи.
Четирикратната олимписка шампионка и една од најдобрите гимнастичарки во светот, ги изненади сите на Олимписките игри со одлуката да се повлече од финалињата и во екипна и во индивидуална конкуренција.
Американката важеше за најголема фаворитка за златен медал и беше голем адут на САД во спортска гимнастика.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло