-->
-->
ВНИМАВАЈТЕ: Дете кажало дека некој разговара со него навечер, а кога открила мајката...
-->
На родителите на едно тригодишно дете од Вашингтон им се случило нешто страшно. Имено, тоа им се пожалило на родителите дека зборува со странец преку уред за следење на деца.
Родителите сметаат дека ќе го олеснат животот со baby monitor камерата. Но, треба да бидете свесни и за опасностите кои технологијата ги носи со себе.
Збунетоста на Џеј и Сара преминала во ужас. Тие сфатиле дека странец го шпионирал нивното дете преку монитор.
Имено, кога влегла во собата на детето, Сара слушнала глас кој рекол: Разбуди се детенце, те бара татко ти. Подоцна истиот глас го слушнал и Џеј. Гласот рекол: Некој доаѓа.
Родителите се исплашиле откако сфатиле дека некој го набљудува секој нивен чекор. Вознемиреноста прераснала во исплашеност откако забележале дека ноќната леќа од мониторот се движи како некој да ги следи нивните движења.
Веднаш го исконтактирале производителот на мониторот Foscam, од каде што добиле известување дека е повеќе од веројатно дека некој го хакирал нивниот монитор и тоа со употреба на смартфон апликација или компјутер.
CBS News ја потврди случката со оглед на тоа што мониторите доаѓаат опремени со интернет како и со поврзувања преку смартфон. Токму поради тоа, овој вид криминал сѐ почесто се случува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка