Брнабиќ: Иницијативата „Отворен Балкан“ овозможува регионот да има иднина
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Иницијативата „Отворен Балкан“ ќе му овозможи на овој регион да има поинаква иднина, ќе овозможи поврзување на луѓето во регионот на сосема поинаков начин, поврзување на економијата и поинаков, многу подинамичен економски раст и развој, јави дописникот на МИА од Белград.
-Некаде имате критика дека тоа е иницијатива што ќе доведе до голема Албанија, во Албанија и делумно во Северна Македонија, имате критика дека тоа е иницијатива што ќе доведе до голема Србија, но всушност тоа е иницијатива која ќе овозможи регионот да има поинаква иднина, поврзување на луѓето на сосема поинаков начин, поврзување на економијата и различен, многу подинамичен економски раст и развој, изјави Брнабиќ за новинарите за време на посетата на Овчарско-Кабларската клисура.
Таа посочи дека ќе има целосно слободен проток на стоки, што е важно за инвеститорите, но и за српските компании, чиј пазар е првенствено во овој регион.
-Тоа е уште поважно за домашните отколку за странските инвеститори во Србија, бидејќи нивниот пазар, пред се, е во овој регион, кажа Брнабиќ.
Таа додаде дека оваа иницијатива е важна и за младите луѓе кои ќе имаат можност полесно да патуваат и полесно да најдат работа.
Ќе ни биде полесно да донесеме големи странски инвеститори бидејќи се поголем проблем ќе биде работната сила, а кога ќе имате единствен пазар и работна сила, тие полесно ќе дојдат.
Се надевам дека и другите партнери од Западен Балкан полека ќе ни се придружат, а и ако тоа не се случи, ќе имаме голема придобивка за луѓето и економијата, како и огромна политичка корист, бидејќи ќе покажеме дека сами можеме да водиме сметка за себе и за нашата судбина, изјави Брнабиќ.
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
