Германски суд пресуди дека Фејсбук незаконски бришел и укинувал профили
Врховниот суд на Германија денеска пресуди дека Фејсбук незаконски избришал расистички коментар и блокирала профил, затоа што социјалната мрежа не го информирала корисникот (за исклучувањето) и не дала причини за такво нешто.
Денешната одлука на Федералниот суд дополнително ја отежнува бурната дебата за „токсичен дијалог“ на социјалните мрежи, во време кога Германија се подготвува за општи избори во септември.
Во соопштението на три страници, судот во Карлсруе наведе дека услугата на Фејсбук, која подразбира бришење коментари и блокирање профили поради кршење на правилата, е „неважечка“.
Ова, се додава, е затоа што Фејсбук не направил ништо за да го извести корисникот за отстранување на навредливиот коментар дури и по отстранувањето, или да предупреди дека ќе го блокира профилот, да понуди причина или да даде право на жалба.
Фејсбук соопшти дека ќе ја разгледа одлуката за да се осигура дека може да продолжи ефикасно да го отстранува говорот на омраза во Германија.
– Имаме нулта толеранција за говорот на омраза и посветени сме да го отстраниме од Фејсбук, рече портпаролот на компанијата.
Контроверзниот коментар, претставен од судот, наведува дека исламските мигранти можат да убиваат неказнето во Германија
Ново на Сител
-
Пет лица, меѓу кои и деца, повредени во масовен руски напад со дронови врз Одеса
-
Приведен возач од Злетово, управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
-
Без активно жариште пожарот на Халкидики – на Крит сè уште активен
-
Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски
-
Топол бран до средината на следната седмица, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните
-
Саудиска Арабија и Индонезија потпишаа договори вредни околу 27 милијарди долари
-
Рекордна потрошувачка на вода во Скопје – „Водовод и канализација“ апелира за рационално користење
-
Блокади во голем број градови во Србија, полицијата се обиде да влезе на Правниот факултет