Обама вечерва ќе го одржи последниот говор за состојбата на нацијата

Американскиот претседател Барак Обама вечерва пред двата дома на Конгресот ќе го одржи својот последен говор за состојбата на нацијата и ќе ги нагласи приоритетите во последната година од мандатот, од пацифичкиот договор за слободна трговија и строгата контрола на вооружувањето до затворањето на затворот во Гвантанамо.
Говорот, кој ќе започне во 21 часот по локално време (во 3 наутро во среда по средноевропско), ќе биде една од последните прилики на Обама да го привлече вниманието на милиони Американци пред медиумската сцена да ја преземе кандидатот за негов наследник.
Соработниците на Обама велат дека Обама ќе понуди многу оптимистичка слика на Америка, во споредба со оние кои во изминатата недела ги отсликуваа кандидатите за републиканската претседателска номинација.
Потпаролот на Белата куќа Џош Ернест нагласи дека „лавината негативности“ која доаѓа од републиканската страна е причина поради која во неодамнешните анкети се покажало дека поголемиот број Американци мислат дека Америка оди во погрешен правец.
Обама најверојатно, како свои достигнување ќе го нагласи нуклеарниот договор со Иран и подобрувањето на односите меѓу Куба и САД, од Конгресот ќе побара подршка за транс-пацифичкиот договор и затворањето на војниот затвор во Гвантанамо.
Американскиот претседател ќе говори за војната против Исламската држава, кои републиканците ја сметаат за преблага.
Бидејќи неодамна најави изврши одредби за строгата контрола на вооружувањето, се очекува дека дел од говорот ќе го посвети на тоа.
Аналитичари сметаат дека Обама ќе ја искористи приликата за да се „пресмета“ со некои шовинистички изјави за муслиманите на моментално водечкиот републикански кандидат Доналд Трамп.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
