Штипската медицинска помош регистрира неколку колапси дневно, најчесто во текстилните фабрики
Топлотниот бран, проследен со температури над 40-иот Целзиусов степен го зема данокот. Во итната медицинска помош во Штип се евидентираат зголемен број на интервенции, посебно во пладневните часови.
- Се случува да има и по неколку колапси и по 3 до 5 колапси на ден. Се случуваат на работните позиции, во фабриките, таму каде што е потопло, жешко и спарно –изјави Д-р Мартина Михајлова- Итна Помош Штип
Под директно влијание на сончевото УВ-е зрачење најповеќе се изложени градежните работници.
- Се препорачува да имаат кациги или некакви шлемови што ќе ја штити од директна експозиција главата од сончевите зраци – додаде Михајлова.
Д-р Златко Стоименов, вели дека постојат 3 главни опасности за колабирање. Првата е акутна состојба кога доаѓа до нагла дехидратација, а работникот мора да се тргне од работното место и брзо да му укаже помош или самиот да се рехидрира, доколку се работи за блага форма.
- На овие температури може да дојде и до топлотен удар, што е нешто посериозно и посложено и често завршува и во болнички услови и сончаницата која под влијание на силните сончеви зраци можат да повредат некој од центрите во задниот дел на главата и вратот- изјави Д-р Златко Стојменов.
Лицата кои добиле сончаница може да ја изгубат работоспособноста за еден подолг временски период. Оптималната темепратура во работните простории треба да биде околу 25-иот степен, а при влегување и излегување од работничките хали, да има период на адаптација.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар