Белгија повторно погодена од силно невреме – поплавени улици, куќи и возила
Белгија повторно беше погодена од силно невреме што предизвика штети, само десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица, јавија утринава западните агенции.
Поплавата во градот Динанту носеше возила, блокирајќи го железничкиот премин, јавија белгиските медиуми, повикувајќи се на железничката компанија Инфрабел. Железничкиот сообраќај на почетокот на месецов беше блокиран токму поради поплавите. Поплави има и во градот Намур, јави мрежата РТБФ. Во овој главен град на Валонија, еден ѕид се урна врз тротоар во близина на казино, и неколку куќи мораа да бидат евакуирани. Невремето погоди и други градови низ Белгија, јави агенцијата Белга. Свлечишта се регистрирани во провинцијата Валон Брабант, а во провинцијата Антверпен на северот на земјата, спасувачките служби добиле повеќе повици за помош. Во овој регион, куќите се поплавени, а една куќа беше погодена од гром. Засега нема достапни информации за можни смртни случаи или повреди во невремето.
Белгија до петокот имаше регистрирано 36 смртни случаи од претходните поплави, а седум лица се уште се водат за исчезнати. На социјалните мрежи се шират снимки од поројните улици, што потсетуваат на сцените од пред десет дена во провинцијата Лиеж. Портпаролот на службата за кризни ситуации, Антоан Исе, изјави дека „ситуацијата на никаков начин не може да се спореди со поплавите од 14 и 15 јули“, бидејќи вчерашните врнежи не предизвикаа излевање на реките. Но, додаде тој, материјалната штета е голема затоа што се поплавени подруми, станови и возила.
Ново на Сител
-

Портпаролката Марија Захарова го исмеа Бајден
-

Превземени мерки за случајот во Струмица, малолетници објавиле видео на „Тик ток“ како вршат насилство врз врсник
-

Најмалку шест лица загинаа во пожар во магацин за парфеми во Турција
-

Приведено едно лице од гостиварско, пронајдена дрога
-

Зеленски: Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети
-

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти
-

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка
-

Трамп: Ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка
