Димитров: Како земја и народ да бидеме третирани со достоинството што го заслужуваме
Случајот на Македонија е сериозен тест за европската перспектива на регионот и за постулатите на Унијата како заедница на вредности, што ја слави јазичната и културната различност на континентот. Влогот е огромен, и повикувам како земја и народ да бидеме третирани со достоинството што го заслужуваме и да бидат применети критериумите за пристапување кон Унијата како и европските вредности.
Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на вториот ден од неформалниот состанок на министри за европски прашања, во своето обраќање на пленарната сесија во Брдо, Словенија, насловена „Кон поголема отпорност на Европската Унија по Ковид-19 кризата“.
Главниот фокус на дискусијата, како што соопшти СЕП, беше ставен на зајакнување на капацитетите на Унијата за справување и опоравување од Ковид-19 кризата, при што вицепремиерот Димитров ја потенцираше важноста на развивањето заеднички координиран пристап на ЕУ и Западниот Балкан за справување со споделените предизвици како можности за поголема интеграција.
– Вирусот не познава граници и не знае дали земјите се членки или кандидати за членство. Затоа нашиот регион, опкружен со ЕУ земји, мора заедно со ЕУ да се справува со заедничките кризи, како што е пандемијата, рече Димитров.
Во тој контекст, Димитров посочи дека Западниот Балкан е вклучен во повеќето механизми на ЕУ за справување со здравствената криза, но и социо-економско опоравување.
– Зборот криза значи одлучувачки момент. Токму за проширувањето, во рамки на словенечкото претседателство ни престои таков одлучувачки момент во смисла на потребата од заживување на европскиот сон во Западниот Балкан. Успехот ќе биде заеднички. Неуспехот ќе биде заеднички, истакна Димитров.
Ново на Сител
-
ПОЦ: Минатата недела санкционирани се 103 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Поведена постапка против осум лица за масовната тепачката на „Славеј Планина” во Скопје
-
Зеленски се надева дека заедничката сила на Украина и Западот ќе ја присили Русија на мир
-
ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство
-
Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип
-
Затворен за сообраќај регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш
-
Македонските одбојкари изборија пласман на Европското првенство 2026