Египет ги олеснува рестриктивните мерки за туристите
Египет ги олеснува мерките со рестартирање на секторот за забава, пренесува АТОР.
По 16 месеци, Министерството за туризам и антиквитети дозволи повторно отворање на театри, концертни сали, забавни паркови, казина, ноќни клубови и дискотеки, вклучувајќи ги и оние лоцирани во хотелските комплекси.
Нивното функционирање е ограничено на 70 проценти од максималниот капацитет на салата, со почитување на сите санитарни мерки и добивање на соодветна лиценца од Министерството за туризам.
Дискотеките и ноќните клубови ќе бидат отворени до 2:00 часот наутро. Истовремено, останува забраната за служење наргиле во ресторани, кафулиња и други јавни места.
Претходно, египетското Министерство за туризам ја зголеми максималната искористеност на хотелите и рестораните од 50 на 70 проценти.
Властите тврдат дека состојбата со коронавирусот во земјата се стабилизира. На 16 јули, египетското Министерство за здравство потврди 77 нови случаи на инфекција со Ковид-19, со што вкупниот број достигна 283.567 лица.
Ново на Сител
-

Реновираниот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен во февруари, деновиве ќе се објави конкурс за сместување
-

Србија доби нов парламентарен состав, пратениците положија заклетва
-

50-годишен маж со огнено оружје се заканувал на сопругата со која е во бракоразводна постапка
-

Татко ја нападнал својата 20-годишна ќерка
-

Хашим Тачи осуден за попречување на правдата на 17 месеци затвор
-

Ќерката на Јованов за „Пулс“: Имаше панични светла и противпожарни апарати, сите ја користеа задната врата
-

АНБ разоткри терористичка мрежа: Се подготвувал атентат во Грција по инструкции од Иран
-

Костадиновски: Почитувањето на Уставот е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината
