МЗ: Се следи епидемиолошката состојба во Тетово, пациентите не давале точни податоци за контакти
Министерството за здравство соопшти дека по зголемување на процентот на заразени од тестирани во Тетово и тетовскиот регион, во период од неколку дена, Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба во тој град и е во комуникација со локалниот Центар за јавно здравје, каде се анализираат сите овие случаи.
Според првичните информации, зголемениот број случаи доаѓаат од два познати кластери. Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство кое исто така било на мала семејна прослава. Тоа што загрижува и со што се соочиле здравствените работници е што некои од ковид позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти, како би можело да се спречи создавање на кластери околу двата постоечки, информираат од Министерството.
Апелираат граѓаните да соработуваат со епидемиолозите, одбивањето на соработка од страна на пациентите, прави потешкотии во спроведувањето на епидемиолошките анкети, а тоа може да доведе до голем број заразени.
– Засега радува фактот што од 65 активни случаи во Тетово, само 12 се со симптоми и нема хоспитализирани во ковид – центарот во Клиничката болница во Тетово. Досега не е детектиран делта сој на СарсКов2, а кај лицата кај кои беше секвенциониран бразлискиот сој се ковид позитивни од јуни. И покрај мирната епидемилошка состојба во земјава, треба секој до нас да биде исклучително внимателен и да ги почитува протоколите и мерките за заштита на здравјето. Одржување лична хигиена на раце, држењето дистанца, носење маска е нешто што треба да биде лична одговорност на секого од нас, потенцираат од Министерството и нагласуваат дека мерките може да се променат и да се воведат рестрикиции ако епидемиолошката состојба го наложи тоа.
Од Министерството за здравство укажуваат на важноста на вакцинацијата и посочуваат дека што поголем број вакцинирани, значи побрзо создавање колективен имунитет, а тоа е клучно да се победи ковид пандемијата.
Ново на Сител
-
Тричковски стави крај на својата играчка кариера
-
Напаѓачот на Нотингем Форест ставен во медицински индуцирана кома
-
Конституиран новиот Управен одбор на КФСМ, Ѓуроски нов потпретседател
-
Винисиус сакал 30 милиони нето плата по сезона за да го продолжи договорот со Реал Мадрид
-
Дефанзивец на Тотенхем во трансфер плановите на Реал Мадрид
-
Анчелоти: Се што е убаво има крај
-
Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
-
Македонија стана дел од интегрираниот глобален систем за управување со податоци за здравјето на животните