Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за европски прашања, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија треба да ги разгледаат Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, во второ читање и Предлог-законот за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем, по скратена постапка.
На предложениот дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, во второ читање и повеќе предлог-закони од областа животна средина. Се работи за: Предлог-законот за управување со отпадот, Предлог-законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Предлог-законот за управување со дополнителни текови на отпад…, сите во второ читање.
На дневен ред на седницата е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, во прво читање.
Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2021 година, во второ читање е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за финансирање и буџет.
Законодавно-правната комисија ќе одржи три седници, 66-та, 74-та и 75-та седница.
Ново на Сител
-

Тошковски: Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните туку да спаси живот повеќе, зголемен прагот на толеранција за возачите
-

Лазаров: Со добар план подготвени да ги дочекаме дуелите
-

Казнетата новинарка Вејсели: Срамен преседан е да бидам казнета зашто го објавив името на судијата, во Тетово и Гостивар не е како во Скопје
-

Во куќа во Ѓорче Петров фрлени две запалени стаклени шишиња, повредени нема
-

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег
-

Мицкоски: Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти
-

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи
-

Акциска контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од малолетници
