Се поизвесна корекцијата на цената на парното
Ќе поскапи ли парното греење, поради растот на цените на гасот и нафтата на светските берзи. Од БЕГ не презицизираат дали ќе бараат зголемување на цената, само посочија дека до регулаторна веќе ги поднеле пресметките на трошоците. Од компанијата се задоволни од тоа како во услови на пандемија тече наплатата на фактурите.
Компаниите во рамки на Групацијата БЕГ АД до Регулаторната комисија за енергетика, согласно правилникот за регулирање на цени за топлинска енергија и системски услуги, поднесоа барање за признавање на реалните трошоци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, се вели во дописот од БЕГ.
Од Регуалторната комисија за енергетика потврдија дека до нив се пристигнати пресметките на трошоците од компаниите и во слендиот период ќе се анализираат за да се утврди што како трошок ќе им се признаe, a што не. Од таму уверуваат дека ќе направат се да нема зголемување на цената.
- ЕСМ енергетика, БЕГ и Скопје Север ги доставија барањата за регулиран максимален приход за вршење на регулирана дејност производство на топлинска енергија. Во моментов секторите вршат детална анализа и ги евалураат пријавените трошоци. Кон крајот на месецот РКЕ ќе донесе одлука за цената на топлинската енергија што ќе важи од 1 август, се вели во соопштението од РКЕ.
Нова корекција на цената на парното треба да има до крајот на месецот, Минатата година цената остана иста. Градско парно користат околу 60 илјади домаќинства.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
