Јонските острови со најголем процент на вакцинирани во Грција
– Со 47 отсто од жителите целосно вакцинирани и 55 проценти со примена прва доза, регионот на Јонските острови е прв меѓу 13-те периферии во Грција според имунизациската покриеност, јави дописничката на МИА од Атина.
Според последните официјални податоци, најнизок е од одѕивот на граѓаните во централна Грција, 31 отсто се ревакцинирани, а 42 проценти ја примиле првата доза, додека пак во останатите региони се движи меѓу 32 и 39 отсто, со исклучок на островите во јужниот дел на Егејското море, каде што целосно се вакцинирани 44 проценти од жителите.
Во однос на цела Грција, со една доза се вакцинирани над пет милиони граѓани што е 47,7 отсто од популацијата, односно 56 проценти од полнолетното население.
Целосно вакцинирани се над четири милиони Грци или 38,2 отсто од населението, односно 45 проценти од полнолетните граѓани.
Од денеска, од островот Крит, започнува програмата за вакцинација со мобилни единици, на жителите на оддалечени места.
Ново на Сител
-

Трипуновски: Фармерот Никола од струмичко ќе се обесштети
-

СДСМ: Владата да најде пари за 600 евра минималец
-

МЕРМС: Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година
-

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ одби покачување на платите
-

СЗО: Низок ризик од ширење на вирусот Нипах надвор од Индија
-

Прегазено 13-годишно девојче во Гостивар, возачот избегал
-

Прво финале за Алкараз на Австралија опен
-

Светската здравствена организација бара оданочување на слатките и алкохолните пијалаци

