-->
-->
МВР со детали за сообраќајката на обвинителката Фатиме Фетаи
-->
Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи е лесно повредена во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу полноќ во скопската населбаТопанско Поле.
Фетаи била пренесена во Градската болница „Св. Наум Охридски“, по што била пуштена на домашно лекување.
-На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Македонско Косовска“ и ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат за МИА од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
