Истражување: Првите случаи на Ковид-19 се појавиле во Кина во октомври 2019 година
Првите случаи на Ковид-19 веројатно се појавиле во Кина меѓу почетокот на октомври и средината на ноември 2019 година, тврдат британски научници во новите проекции кои сугерираат дека коронавирусот се проширил низ целиот свет многу побрзо отколку што се сметаше порано.
Првиот случај на зараза веројатно е откриен на 17 ноември, напишаа истражувачите во анализата објавена во научното списание „ПЛОС Патогени“.
Официјално првиот случај на Ковид-19 беше регистриран на почетокот на декември 2019 година во кинескиот град Вухан, но научниците долго време веруваа дека коронавирусот се проширил и претходно.
Истиот став го делат и научниците од Светската здравствена организација (СЗО), кои го испитуваа потеклото на вирусот на почетокот на годината.
Аналитичарите на податоци, предводени од Дејвид Робертс од британскиот Универзитет во Кент, го пресметаа евентуалниот период кога патогенот можел да премине од животни на луѓе, врз основа на информациите за првите потврдени случаи во Кина и во странство.
Британски научници се потпреа на математички модел од областа за заштита на природата, кој инаку се користи за предвидувања во изумирање на видовите.
Овој модел сугерира дека коронавирусот се проширил низ целиот свет уште во јануари 2020. Калкулациите покажуваат дека првата инфекција надвор од Кина била на 3 јануари во Јапонија.
Во Европа, според нив, првиот случај на зараза бил откриен во Шпанија околу 12 јануари, а во САД околу 16 јануари 2020 година.
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
