Свет
10. January 2016 - 12:39

Во судирите на турската армија и Курдите загинале 162 цивила

Во Турција од август во судирите на државните сили и курдските бунтовници загинале 162 цивила, соопшти турската Фондација за човекови права.

Меѓу загинатите се 32 деца, 29 жени и 24 стари лица.

Тие загинале во судири на армијата со милитантите поврзани со ПКК во окрузи на југоисток во државата каде е воведен 24-часовен полициски час. Конфликтот со ПКК се обнови во јули 2015 година со што беше прекинат двегодишниот мировен процес.