Гир: Посветени сме кон решенија за што е можно побрз старт на преговорите на Македонија
Сите сме мошне посветени кон заедничко изнаоѓање решенија што ќе доведат до отворање на пристапните преговори на Македонија што е можно побрзо, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, во одговор на новинарско прашање дали португалскиот предлог за деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес ќе се разгледува и за време на словенечкото претседателство со ЕУ.
– Ги цениме напорите да се решат нерешените прашања меѓу Македонија и Република Бугарија. Тоа е навистина важно и нешто кон што повикуваме што се однесува до отворањето на самите преговори. Тука можам да го повторам она што го кажува раководството на ЕУ, се надеваме дека преговорите ќе се отворат што е можно побрзо, истакна евроамбасадорот Гир.
На прашање да даде коментар за реториката на одделни бугарски политичари, како и на европратеник од Бугарија во однос на Македонија, Гир рече дека кога станува збор за добрососедските односи, важно е политичарите да се воздржани во изјавите.
– Што се однесува до забелешките дадени од извесни политичари на други земји и пратеници од земји членки, јас нема да коментирам за тоа, не е тоа во мојата пракса. Но, важно е да се воздржуваме секогаш кога станува збор за добрососедски односи. Тие се навистина важни и затоа политичарите мора да се воздржуваат во таа насока, рече евроамбасадорот Гир на прес-конференцијата по повод потпишувањето на договор за поддршка на претпријатијата во износ од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Ново на Сител
-

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори – Ангелов оптимист за ставање под контрола
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
-

ДИК: За изборот на градоначалник во општина Брвеница се обезбедени 21.100.000 денари
-

Трамп ја нарече Канада една од „најлошите земји“ за преговори во услови на трговската војна
-

Словачка предлага забрана за социјални медиуми за деца под 16 години
-

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании
-

Апокалиптични сцени во Непал: Стотици исчезнати и десетици загинати по катастрофални поплави
-

Во вториот квартал од годинава за 1,5 отсто намален бројот на невработени лица
