СДСМ: Мерката вредна 15 милиони денари за ваучери за летување е силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев останува целосно посветена на вистинска грижа и одговорност за економијата, за угостителите, за сите граѓани.
Оттаму, и годинава граѓаните со ниски примања ќе добијат ваучер за летување кој за разлика од минатата година, годинава изнесува 12.000 денари, а ќе можат да го користат семејства чии вкупни месечни примања не надминуваат 30.000 денари.
Јавниот повик започна на 8 јуни, со краен рок за аплицирање 30 јуни. Над 2.600 апликации се пристигнати за една недела од објавувањето на јавниот повик во архивата на Министерството за економија по што повикот е затворен.
Од државниот буџет за реализација на оваа одговорна и ефикасна мерка предвидени се 15 милиони денари или 2,5 милиони евра за вкупно 1.250 ваучери.
Овие пари ќе завршат кај домашните хотелиери, со што директно ќе се помогне нивната работа во време на постковид пандемија, а во исто време ќе им се помогне и на илјадници семејства со ниски примања.
Нашите врвни приоритети како социјалдемократска партија се помош и поддршка за граѓаните, за домашното македонско стопанство.
Градиме силна, развојна, конкрентна и стабилна економија која носи шанса за сите.
Центар за комуникации со јавност на СДСM
Ново на Сител
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција