Ким Џонг-ун призна дека ситуацијата со храната во Северна Кореја е тензична
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека состојбата со храната во оваа изолирана комунистичка земја станува се потензична заради пандемијата на коронавирусот и последиците од минатогодишниот тајфун, соопшти денеска државната агенција КЦНА, пренесе ДПА.
На вчера отворената пленарна седница на Централниот комитет на Работничката партија, Ким ги повика официјалните лица да ја решат „состојбата со храната за луѓето“, која „сега е тензична“, наведува КЦНА.
На средба на највиоскиот партиски орган Ким кажа дека ова прашање е делумно предизвикано од неуспехот на земјоделскиот сектор да го исполни планот за производство на жито поради штетите предизвикани од минатогодишниот тајфун што ја погоди земјата.
Тој, исто така, на Севернокорејците им порача да се подготват за проширени ограничувања поради Ковид-19
Според него, економијата во земјата во првите шест месеци од 2021 година покажала „подобрување во целина“, со раст на вкупно индустриско производство од 25 проценти во споредба со претходната година.
Како дополнение на серијата природни катастрофи, во кои беа вклучени поплави и штети од невреме, како и пандемијата на коронавирусот, земјата, исто така, е цел и на строги меѓународни санкции поради својата програма за нуклеарно оружје, пренесува ДПА.
Експертот за човекови права на ОН, задолжен за мониторингот на Северна Кореја, Томас Охеа Кинтана, во март пред Советот за човекови права (ХРЦ) кажа дека влијанието на пандемијата во оваа земја придонесува за „смрт од глад“.
И пред пандемијата на коронавирусот, повеќе од 40 проценти од населението во оваа земја немаше обезбедено резерви на храна, наведе Кинтана во претходниот извештај.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
