Исак Херцог e нов претседател на Израел
Претседателот на Еврејската агенција, Исак Херцог, е 11-от претседател на Израел откако на тајното гласање денеска доби 87 гласови од членовите на Кнесетот ( израелскиот Парламент), јавија израелските медиуми.
Неговиот противкандидат, 67-годишната наставничка и активистка, Миријам Перец, доби 27 гласа. Доколку беше избрана Перец ќе станеше првата жена претседател на Израел.
Со својата победа, Херцог стана првиот претседател чиј татко, исто така, бил претседател на Израел. Хаим Херцог, беше шестиот претседател на еврејската држава.
Како и Херцог, кој вчера го посети Западниот ѕид за да се моли за успех, така и Перец се обиде да се сретне со што повеќе пратеници пред гласањето.
Секоја фракција во Кнесетот им даде слобода на своите членови да гласаат според совеста, место да ги обврзува со партиска дисциплина.
Ниту една од фракциите во Кнесетот не номинираше свој кандидат и ова беше прва претседателска трка во Израел на која никој од кандидатите не е актуелен член на Кнесетот, што претставува најголема победа на претседателските избори во историјата на Израел.
Херцог им се заблагодари на сите пратеници кои гласаа за него и рече дека е чест да му служи на целиот народ на Израел. Тој ја нарече Перец херој и инспирација.
-Јас ќе бидам претседател на сите, рече Херцог.
Новиот претседател ќе положи заклетва кога на 9 јули ќе му заврши мандатот на претседателот Рувен Ривлин.
Ново на Сител
-
Измамен 77-годишник, дал 10.000 евра за наводно да ја спаси внуката од лажна сообраќајка
-
Отворен Октоберфест: Рекордни цени на пивото, милиони посетители и климатска агенда
-
Пет претставки од граѓани до ФЗО за кардиолошките случаи, наскоро прв онлајн состанок со странските експерти
-
Притвор во траење од 30 дена за 12 лица, куќен притвор за тројца од осомничените за пустошење шуми
-
Трамп ќе го прими Ердоган во Белата куќа на 25 септември
-
Приведен 39-годишник, управувал возило со 2,60 промили алкохол и предизвикал сообраќајка
-
Во Белград се одржува воена парада
-
Приведени две лица во Велес, кај нив пронајдени пушка-артефакт, муниција