АПА: Советот на ЕУ не дозволува објавување на нон пејперот за прекројување на границите на Западен Балкан

Генералниот секретаријат на Европскиот совет го држи „под клуч“ неофицијалниот документ во врска со контроверзниот „нон-пејпер“ за смена на границите на Западен Балкан, јави австриската агенција АПА.
Агенцијата информира дека побарала пристап до документот, но била одбиена. Регионални медиуми објавија дека нон-пејперот наводно е дело на словенечкиот премиер Јанез Јанша, иако тој негираше такво нешто.
„По детална проверка, мора да ве информираме дека не можеме да ви дадеме пристап до тој документ“, гласи одговорот од Генералниот секретаријат на Советот на барањето на АПА, поднесено согласно европската регулатива за слободен пристап до информации. Советот оценил дека објавувањето на овој документ ќе ги загрози меѓународните односи. Документот во моментов е доставен само до таа институција.
Според словенечкиот портал „нецензурирано.си“, кој го објави непотпишаниот документ со предлози за нови граници на Западен Балкан кон средината на април, словенечкиот премиер Јанез Јанша стои зад „нон-пејперот“. Тој тврди дека словенечките власти немаат ништо со тоа и демантира некаква вклученост, но АПА потсетува дека во нон -пејперот се посочува дека доколку предлозите за промена на границите на Балканот стасаат до јавноста – документот мора да биде негиран.
Словенија на 1 јули го презема претседавањето со Европската унија и најави дека сака поголемо внимание да посвети на приблужувањето на Западен Балкан кон Унијата.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
