Франција ќе испрати нова Статуа на слободата во САД
Франција на 7 јуни ќе испрати нова Статуа на слободата во САД. Новиот споменик ќе пристигне во Њујорк на 4 јули – Денот на независноста на САД и, како што објави весникот „Журнал де Диманш“, ќе ги симболизира историските врски меѓу двете земји.
„Сакавме повторно да се поврземе со оваа француско-американска приказна“, рече амбасадорот на Франција во Вашингтон, Филип Етјен, додавајќи дека споменикот „е двоен симбол на слободата“.
Статуата ќе биде многу помала од нејзината постара „сестра“, достигнувајќи 2,83 метри висина.
Идејата, според наводите, се родила во јули 2019 година, па требало да им се покаже на САД дека „Франција останува верна на духот на пријателството“ меѓу двете земји и нивната заедничка историја. Франција ги поддржуваше американските колонии во нивната борба за независност против Англија во 18. век.
Сепак, проектот беше одложен поради пандемијата на Ковид-19 и повторно стана актуелен зимава. Споменикот ќе биде поставен во градината на резиденцијата на францускиот амбасадор во Вашингтон, каде што ќе остане десет години.
Статуата на слободата, што денеска може да се види покрај брегот на Њујорк, е подарок од Франција по повод првиот век од независноста на САД. Новиот гест на Париз доаѓа во време кога се забележуваат првите влијанија од власта на Џо Бајден врз односите меѓу САД и ЕУ. Тие, според некои познавачи, значително се подобриле, иако некои се жалат на постојаната „ексклузивност“ на САД.
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
