Намалени казни за царинските прекршоци со измените на Царинскиот законик
Со донесување на новиот Закон за прекршоците („Службен весник на РМ“ бр.96/19) се наметна потреба од измени на прекршочните одредби на Царинскиот закон, кои се имплементирани во Законот за изменување и дополнување на Царинскиот закон, кој е објавен во „Службен весник на РМ бр.110/21 од 19 мај 2021 година.
Измените, како што соопшти Царинската управа се во насока на имплементирање на новото законско начело на пропорционалност, пропишување на глобите во распон наместо досегашниот нивен фиксен износ, со определување на неколку квалифицирани облици на секој од овие прекршоци.
Исто така, царинските прекршоци се систематизираат во две основни групи: тешки прекршоци, кои се со фискални имликации, односно се поврзани со избегнување на царинската контрола и надзор и/или со избегнување плаќање на пропишаните увозни давачки и лесни прекршоци кои се поврзани со пропуштање на рокови или со неисполнување на обврски кои главно се без фискални импликации.
Во соопштението се додава дека е направено и јасно разграничување на прекршоците кои преоѓаат во надлежност на основните судови, од оние кои и понатаму остануваат во надлежност на Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа како и пропишување на нова постапка на порамнување со издавање само на прекршочни платни налози, односно повеќе нема издавање мандатни платни налози.
Подетално за најновите измени на прекршочните одредби на Царинскиот закон на следниот линк: https://customs.gov.mk/index.
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
