Loading Video...
Бизнис
19. May 2021 - 16:42

Дебата за иднината на ЕУ

26 земји членки се заложници на личните интереси на една држава. Вака амбасадорката на Германија Холштајн ја опиша блокадата на Бугарија за земјава. Вели дека се прави штета на целата унија. Смета дека сите отворени историски прашања можат да се решат на билатерална основа , но само ако се има политичка воља за тоа.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Николовски кој е и претседател на националниот совет за евроинтеграции пак вели дека иако целта на сите политички партии е членство во ЕУ, не е оптимист дека наскоро ќе ја имаме првата меѓувладина конференција.

Не може да се запре целиот процес зошто има блокада од само една земја, смета претставникот на Фондацијата Конрад Аденауер, Браун.

Инаку на конференцијата за Иднината на Европа и проширувањето организрана од европските делегати и фоднацијата Конрад Аденауер дека змејава треба да продолжи  да работи на внатрешните реформи. Според анализите кои беа истакнати 30 отсто од членките се за проширување на унијата, а 26 проценти се плашат од процесот.