-->
-->
Традиционален Божикен ручек за 500 деца во Прилеп
-->
Во прилепскиот хотел „Кристал Палас“ денеска по 10 пат на големиот празник Христовото раѓање, Божик, ќе се одржи традиционалниот Божикен ручек за деца од цела Македонија, во организација на Детската амбасада за сите деца во светот.
Околу 500 деца без родители, децата со посебни потреби, децата на загинатите бранители, деца на членови на невладината организација, денеска ќе бидат на заедничка празнична трпеза, ќе празнуваат и ќе се дружат. На заедничката трпеза со децата од Скопје, Прилеп, Охрид, Ресен, Тетово, Битола, од Струмица, се поканети и деца од другите верски заедници во земјава.
Божикниот ручек ќе го благослови владиката Петар, а прилепскиот градоначалник Марјан Ристески на децата ќе им подели подароци. Со своите песнички ќе ги забавуваат децата-учесници на меѓународниот фестивал „Ѕвездички“.
По седми пат, Детската амбасада за сите деца во светот ќе го додели и Орденот носител на мирот. Годинава, информираат од оваа невладина организација, признанието ќе го понесе компанијата АД „Фершпед“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Ја завршивме војната во Газа
-
Од 8:30 часот утре без вода жителите на третата зона Припор и на улицата Виктор Иго и околните улици
-
Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа
-
Путин: Искрено се надевам дека ќе биде спроведен планот на Трамп за Појасот Газа
-
При претрес пронајдени се дрога и куршуми, кривична против четири лица од Скопје
-
Обвинение за предизвикување омраза и нетрпеливост
-
Општина Центар: Герасимовски и советниците спречија изградба на зграда, безбедноста на граѓаните на прво место
-
Поднесена кривична пријава против две лица за криумчарење телефони „Ајфон“ | ФОТО