-->
-->
Деветмина полицајци повредени на пропалестинските протести во Лондон
-->
Деветмина полицајци се повредени во судирите со пропалестинските демонстранти пред израелската амбасада во Лондон, се вели во соопштението на Скотланд јард.
Некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата и се однесуваа агресивно. Лондонската полиција ги нарече ваквите постапки „целосно неприфатливи“. Вкупно девет демонстранти беа приведени под сомнение за „нарушување на јавниот ред и мир преку насилство“ и уште четворица за кршење на ограничувањата наметнати во врска со пандемијата.
Во исто време, Скотланд Јард нагласува дека саботните протести, на кои учесниците поминаа низ центарот на Лондон, беа мирни. Атмосферата почна да се вжештува пред израелската амбасада. Некои демонстранти се обидоа да се качат на оградата што ги блокира чуваните градини во палатата Кенсингтон, каде се наоѓа израелската амбасада, како и дипломатските мисии на многу други земји.
Демонстрантите беа туркани од полицијата, која фрлаше кон нив шишиња и други предмети. Толпата извикуваше пароли за поддршка на Палестинците и навреди кон Израелците во врска со ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт. По сцените на насилство, полицијата го прекина протестот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат