Речиси 35 странски компании ќе инвестираат годинава
Реализација на веќе најавените како и голем број инвестициски одлуки од нови странски компаниии. Владата очекува година со значителни постигнувања на полето на странските инвестиции. Според најавите годинава влезот во Македонија ќе го официјализираат околу 35 нови странски компани, а меѓу нив ќе има и глобално познати имиња од автомобилскиот сектор.
Лани триесетина компании одлучија да инвестираат во Македонија при што треба да отворат 17 илјади нови работи места. Најголемиот дел почнаа со градежни активности, како и производство и вработувања, а помал број стартот ќе го имаат оваа година.
Американската Делфај ќе произведува во Бунарџик, Џонсон Контролс ќе гради втора фабрика, во Струмица. Германски Костал се подготува за инветсицијата во охрдската зона во која ќе работат 1.000 лица. Акомпласт месецов ќе почне да ја гради фабриката во Прилеп. Италијанската компанија Кондево гради објект во зоната во Штип. Во подготвка е инвестцијата на италијанската Монтанте груп. Во декември беа потпишани договорите и за првите 100 процентно домашни инвестиции во зоните, на компаниите Хајтек и Технопласт.
Се очекува некои од новите компании кои ќе инвестираат во земјава да бидат соопштени до средината на месецов.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
