Брнабиќ: Србија и Грција ќе потпишат договор за укинување на роамингот
Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, денеска во Атина, во пресрет на Економскиот форум Делфи, се состана со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис и претседателката на таа земја, Катерина Сакеларопулу, јави допсиникот на МИА од Белград.
Како што соопшти српската Влада, по средбите со грчкиот државен врв, Брнабиќ изјави дека Србија и Грција следната недела ќе потпишат договор за укинување на наплатата за роаминг.
– Склучивме со Грција договор за роамингот, според кој нашите граѓани кои ќе дојдат во Грција повеќе нема да плаќаат тарифа за роаминг во странство, туку тоа ќе биде локален повик и испраќање СМС пораки, објасни Брнабиќ.
Таа изјави дека министерката за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ, следната недела ќе допатува во Атина за да го потпише договорот, кој ќе стапи во сила веднаш.
– Како Влада, сторивме сè за да им олесниме на граѓаните кои планираат да патуваат во Грција во текот на летото, истакна Брнабиќ, додавајќи дека му се заблагодарила на грчкиот премиер што еднострано ги признале српските дигитални сертификати за вакцинација.
Според неа, Грција на 14 мај ќе го отвори граничниот премин Евзони и сите вакцинирани граѓани на Србија ќе можат да влезат во Грција без никакви проблеми и без никаква друга потврда.
– Оние кои не се вакцинирани ќе мора да направат негативен ПЦР тест, изјави Брнабиќ.
Грчката претседателка Сакеларопулу на средбата со српската премиерка, оценила дека од суштинско значење е перспективата за натамошно ширење на ЕУ кон Западен Балкан, а од Самитот во Солун во 2003 година, тоа е стратешка цел на Грција.
Претседателката на Грција истакнала дека тоа е единствениот пат за безбедност, стабилност и развој на регионот, порачувајќи дека Грција ја поддржува европската перспектива на Србија и ќе помогне во сè што може, се наведува на сајтот на српската Влада.
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
