Кузеска: Шестиот пакет мерки е силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор
Владата предводена од СДСМ продолжува со помош и поддршка за домашната економија.
Објавени се седум јавни повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор, како дел од Шестиот пакет економски мерки.
Јавните повици се однесуваат на туристичките агенции, туристичките водичи, естрадните уметници, компаниите организатори на настани, игротеките, приватните детски одморалишта, кабареа, ноќните и диско клубови и рестораните за свадби.
Со првите два повици се опфаќаат естрадни уметници и туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход понизок од 15.000 денари, а финансиската поддршка ќе биде во нето износ од 30.750 денари по лице.
Понатаму, за компании – оператори од индустријата за организација на настани, агенции кои организираат настани, за регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта, за лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, за регистрирани и категоризирани ресторани за свадби и за лиценцирани туристички агенции, основа за пресметка на поддршката ќе се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година, а висината на поддршката ќе изнесува 30% од просечниот месечен приход.
Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020 година.
Шестиот пакет на мерки е во вредност од 17,8 милиони евра а со него ќе се поддржат 10.000 компании и над 60.000 граѓани.
Преку сите шест пакети Владата предводена од СДСМ реализира околу 100 различни мерки со кои се опфатени и поддржани субјектите и физичките лица погодени од пандемијата.
Сите антикризни мерки за поддршка на економијата во својот фокус ги имаат граѓаните и зачувување на нивните работни места, зајакнување на ликвидноста, но и поставување основи за рестарт на економијата и враќање на претходните стапки на економски раст.
Остануваме посветени на реализација на мерки и политики кои значат помош и поддршка на граѓаните и стопанството. Градиме стабилна, развојна економија што носи шанса за сите.
Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228