Реакција на Алијанса на Албанците/Алтернатива за средбата меѓу Пендаровски и Мицкоски
Судството и обвинителството преминуваат во рацете на македонските политичари и на неколку сервилни Албанци фатени со хипотеки по фиоки.
Една земја што овие денови претендира да добие датум за отварање на преговори за ЕУ, на политички состаноци донесува одлуки за судски постапки.
Во вилата на претседателот, Стево Пендаровски и претседателот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, за најтешкиот терористички акт, нападот врз највисоката институција и народните избраници, одлучуваат и вршат притисок над судството и обвинителството.
За да го легитимираат овој скандал, му порачуваат на претседателот на албанската партија во Влада, Али Ахмети, да излезе и јавно да пресуди дека на 27 април не се случи терористички акт, додека тие помалите од партијата не смеат ни уста да отворат.
За оваа сервилност, како и за легитимирањето на другиот скандалозен договор за одложување на пописот, Ахмети и ДУИ имаат само една причина. Тој и неговата партија се фатени во криминал и корупција, без трунка поткрепа од народот и се наоѓаат само во милоста на нивните македонски господари. Али Ахмети и ДУИ станаа најголемата опасност за Албанците, но, и за целата земја. Тие се во состојба да продадат сè само да се спасат од правдата за сите криминали што ги имаат направено. Ова е и причината поради која тие никогаш не отворија уста, ниту пак за монтираните случаи кон Албанците, ниту за амнестирањето на убиецот на малиот Алмир. Албанците и граѓаните општо заслужуваат одговор на две прашања:
Кој беше функционерот на ДУИ што го информира Никола Груевски за седницата на 27 април и кој потоа го извести Али Ахмети да не доаѓа во Собрание додека останатите си ги доведуваа во животна опасност своите животи?
Албанците ќе стават крај на оваа сервилност и заложништво на некои Албанци во Владата, додека ние ќе ја продолжиме битката исто како и на 27 април, за да ставиме крај на овој режим веќе исполнет и со други сервилни поданици.
КОАЛИЦИЈА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ & АЛТЕРНАТИВА
Ново на Сител
-

1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром
-

Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
-

Приведени четири украинки во полициска акција во тетовско, престојувале спротивно на целта
-

Возило изгоре после сообраќајка во близина на Кичево, тешко повредено 6-годишно девојче
-

Кривична за двајца струмичани, на сила одзеле 14.000 денари од 82-годишно лице
