Синдикатот на полицијата во Македонија в сабота на протест
Синдикатот на полицијата во Македонија на 8 мај ќе одржи протест под паролата „За ред, за правда, за дисциплина“, поради, како што наведуваат, притисокот кон полицијата, незаконски распределувања, недоволен број на униформи.
– Имаме колективен договор, што четири години е со поминат рок на траење, договор со кој вработените немаат никакви права и правата што се во договорот не се почитуваат, изјави денеска претседателот на Синдикатот на полицијата во Македонија, Орце Коцевски на прес-конференција пред канцелариите на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.
Коцевски истакна дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не ја пренесува вистинската слика во јавноста и потребно е да се слушне и мислењето на вработените во полицијата.
-Протестот ќе започне пред канцелариите на Европска Унија и ќе се движиме до Владата каде ќе го изразиме нашето незадоволство, најави претседателот на синдикатот.
Тој ги повика сите членови на Синдикатот на полицијата,вработените во МВР, сите колеги членови на братските синдикати да го поддржат протестот.
-Едно од приоритетните барања е зголемување на платите. Само полициските плати се замрзнати, нема додаток за борба со коронавирусот. Покрај здравствените работници и полициските работници се во првите редови на пандемијата, одговори Орце Коцевски на новинарското прашање во однос на нивните барања.
Тој додава дека со укинување на синдикалната чланарина на членовите, Синдикатот на полицијата не може да си ја врши работата.
Претседателот на Синдикатот на полицијата во Македонија најави дека в сабота ќе достават писмено барање до Владата и премиерот и очекува дека некој сериозно ќе ги разгледа барањата, а доколку барањата не бидат разгледани од надлежните, Коцевски истакна дека ќе преземат порадикални чекори.
Ново на Сител
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола
-
Во Белград ќе продолжи судењето за масовно убиство во Дубона и Мало Орашје
-
Владина делегација оддаде почит пред споменикот на св. Кирил и Методиј во Скопје
-
Четири лица загинаа во пожар во Токио
-
Радев: Желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак
-
На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието