-->
-->
Најденo е решение кај Момин Поток: Ќе се градат два нови кружни текови, подвозници и надвозници
-->
Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави уште еден голем проект за жителите на Скопје – изведбата на клучката кај Момин поток која е една од двете главни рути што ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот.- Се работи за огромен проект во вкупна вредност од околу 18 милиони евра, за кој постапката ја започнавме вчера, градежните работи ќе ги започнеме во текот на јуни, а изведбата треба да трае 2 до 2,5 години. Според својата комплексност, се работи за убедливо најсложениот сообраќаен проект којшто Град Скопје го има изработено од 1965 година, па наваму. Малку поедноставен е проектот за клучката кај хотелот „Континентал“. Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег, се предвидува изградба на 2 кружни тека, првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот 8.Септември и улицата Скупи и вториот кој треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек улицата продолжува до крстосницата со булевар Словенија каде што се поврзува со булеварот Словенија и со булеварот Босна и Херцеговина. Оваа сообраќајница е една од клучните градски сообраќајници бидејќи дневно овде поминуваат 25.000 возила и метежот е голем – рече Шилегов, на денешната прес-конференција.
Вкупната должина на сообраќајницата меѓу двата кружни тека и до пред раскрсницата со булевар Словенија изнесува околу 1.600 метри. По должина на целата сообраќајница ќе биде поставено најсовремено ЛЕД булеварско осветлување, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Проектот предвидува и изградба на 2 моста на реката Серава која тече под оваа сообраќајница.
- Сакам да нагласам дека во делот на сообраќајната инфраструктура во северниот дел од градот го завршивме булеварот Христијан Тодоровски Карпош, а при крај се и булеварите Никола Карев и Босна и Херцеговина. Ова е во целосна согласност со визијата што јас ја имам за нашиот град – рамномерно развиен град со инфраструктура поволна за сите граѓани, без оглед на кој дел од градот припаѓаат. Градот неколку децении доцнеше со ваквите визии, а со ваквите проекти се обидуваме во само еден мандат фундаменталните работи на градот да ги започнеме до точка од која нема враќање. Безбедниот сообраќај и урбаната мобилност
остануваат во редот на приоритетите мои и на оваа градска администрација, а тоа граѓаните имаа можност да го видат изминатите 3 и пол години и најдобро знаат да ги препознаат ваквите активности на градот – нагласи Шилегов.
На денешната прес-конференција присуствуваа и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и градоначалниците на општините Карпош, Чаир, Центар и Бутел - Стефан Богоев, Висар Ганиу, Саша Богдановиќ и Велимир Смилевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
-

НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација
