Македонија
26. April 2021 - 12:29

Досега вакцинирани 45 илјади граѓани

Според официјални информации од Министерството за здравство до сега вакцинирани се 45 илјади граѓани, а околу 192.000 имаат искажано заинтересираност за вакцина против Ковид-19 на vakcinacija.mk.

Според најавите на Министерството за здравство во среда на 28 април се очекува да пристигне првата поголема количина на вакцини односно 200.000 дози вакцини од кинески Синофарм. Со тоа и официјално ќе почне масовната имунизација која што ќе се врши во шест поголеми градови.

Во моментов вакцнинација се врши со АастраЗенека, Фајзер и  Спутник, а во текот на денот се очекува да пристигнат од 5 до 7 илјади дози вакцини на Фајзер. Инаку во саботата пристигнаа и 20 илјади дози вакцини Спутник В кои ќе се употребат за ревакцинација на медицинските лица.