Коалицијата АА и Алтернатива повторно бара оставка од Комисијата за заразни болести

Овој театар што се изведува во парламентот, во храмот на демократијата, е индикатор за едно кревко парламентарно мнозинство и е една анемична тентатива за дефокусирање од многуте криминални афери, целосен неуспех во менаџирањето со пандемијата и паника од политичката моќ на обединетата албанска опозиција.
Учеството во собраниската седница на пратениците позитивни на вирусот и заразени со COVID 19, беше уште еден скандал предизвикан на релацијата Претседател на Собрание и Претседател на Комисијата за заразни болести, Џафери-Караџовски. Овој башибозлук на оваа двојка сведочи за хаотично управување и опасно за јавното здравје. Односно, господинот Талат Џафери на една телевизиска емисија изјави дека со негово барање, Комисијата за заразни болести составила еден посебен протокол за присуствување на болни пратеници во парламентот , потпишан од претседателот на оваа комисија, Др. Караџовски.
Ние, Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, неколку пати побаравме оставка и распуштање на Комисијата за заразни болести затоа што проценуваме дека е комисија којашто донесува политички одлуки а не професионални. Во овој случај, нашите сомневања се дека Претседателот на Комисијата донел самостојно одлуки по наредба на Министерот, Премиерот, или Претседателот на Собранието обидувајќи се да придобијат политички поени создавајќи еден медиумски спектактл во Собрание со пратениците облечени во скафандери.
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива уште еднаш бара оставка од комисијата и создавање на една државна комисија со строго предвидени надлежности и составена од професионалци од одговорни области, како епидемиолог, инфектолог, имунолог и микробиолог.
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива
Ново на Сител
-

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз
-

Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти
-

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина
-

Николоски од Росоман : Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково, поддршка за земјоделците
-

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција
-

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си - Трамп: Справување со надворешните ризици, технолошка самостојност и раст на домашната побарувачка
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија
-

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела
