АА-Алтернатива: Со проектот за Брз автобуски превоз во Скопје се прави дискриминација по етничка основа
Пратеникот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива Елми Азири истакна дека проектот за Брз автобуски превоз во Скопје „прави дискриминација на граѓаните и општините по етничка основа“.
– Секако дека нашите забалешки ги имаме кажано на парламентарната дебата, но нашите информации кажуваат дека и во овој проект има дискриминација на граѓаните и општините и за жал може да се констатира и по етничка основа. Нашите информации велат дека брзата автобуска линија на релацијата исток-запад ќе се движи до населбата Порта Влае во Општина Ѓорче Петров, така што нема да оди до крајот на трасата, всушност граѓаните на Општина Сарај се исклучени од користењето на оваа брза автобуска линија, а станува збор за растојание дури за километар, кога би биле вклучени сите граѓани, изјави Азири
Втората траса, како што нагаласи Азири, почнува „некаде во Општина Бутел и се очекува да помине низ Општина Чаир и да стигне до Центар, а потоа да продолжи јужно од Скопје“.
– Се вели дека за ова втора траса дополнително ќе се направи физибилити студија на можностите за реализација. Фактот што е наведено во закон дека оваа линија треба да помине низ булевари и во општините и населбите кои ги спомнавме особено во Чаир, Топанско Поле и Чаирчанка нема булевари и имајќи ја превид историјата на развивање на досегашните инфраструктурни проекти во Република Македонија, ние едноставно имаме дилеми дали оваа втора траса ќе се реализира, рече тој.
Азири истакна дека долгот од 70 милиони евра за изградба на овој проект ќе го плаќаат сите граѓани, независно од нивната етничка припадност и во која општина живеат.
Ново на Сител
-

Кратерска инвазија во Скопје: Бесплатен превоз и влез за навивачите и симпатизери на Силекс против Динамо Минск
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба
-

Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони
-

Во јуни годинава температурите во цела Грција биле над просекот
-

Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
