СЗО бара затворање на пазарите за живи животни
Здравствената агенција на Обединетите нации денеска ги повика државите да ја запрат продажбата на живи животни заробени од дивината на пазарите со храна како итна мерка, со оценка дека дивите животни се водечки извор на појава на заразни болести како коронавирусот.
Светската здравствена организација, поддржана од клучни партнери, издаде ново упатство во кое се вели дека животните – особено дивите животни – „се извор на повеќе од 70 проценти од сите појавни заразни болести кај луѓето, од кои многу се предизвикани од нови вируси”.
Потеклото на коронавирусот пред повеќе од една година е извор на интензивни шпекулации, при што поголемиот дел се фокусираше на веројатноста дека бил носен од лилјаци и пренесен на луѓето преку посреднички вид што се продавал како храна или лекови на традиционалните кинески влажни пазари. Пандемијата првпат се појави во градот Вухан, Кина.
СЗО го потенцираше ризикот од директен пренос на појава на заразни болести на луѓе кои доаѓаат во контакт со телесни течности на заразено животно и го наведе „дополнителниот ризик” за негово „фаќање” на места каде што се сместени такви животни или локации што можеле да бидат контаминирани со такви вируси.
„На глобално ниво, традиционалните пазари можат да играат централна улога во обезбедувањето храна и средства за живот за големо население”, се вели во соопштението на СЗО. Сепак, „забраната за продажба на животните може да го заштити здравјето на луѓето – и оние кои работат таму и оние што купуваат
Ново на Сител
-

Низок ризик од појава и ширење на хантавирус во државата, велат од Комисијата за заразни болести
-

Променливо облачно со сончеви периоди, во Скопје можни краткотрајни врнежи од дожд
-

МВР го бара лицето кое го чувало заловениот волк во Козле, му следува казна до 20.000 евра
-

Уапсен возачот што удри 13-годишен велосипедист во Скопје
-

Нови 11,3 милиони денари поддршка за занаетчиите, малите и средните претпријатија
-

Владата донесе одлука за отворање македонска Амбасада во Литванија
-

СВР Битола апелира граѓаните да внимаваат на пријави за лажни сообраќајни несреќи
-

Во следните три дена прекин во снабдувањето со вода за сите корисници од водоводот Росоки-Дебар
