Македонија
4. January 2016 - 12:55

Самостојниот синдикат на клинички центар го осуди нападот на докторот во Тетово

Самостојниот синдикат на клинички центар го осудува физичкиот и вербален напад врз дежурен доктор и медицинска сестра на Детското одделение во Клиничката болница во Тетово.

Во соопштението Синдикатот  повторно укажува на потребата да се  воспостави систем на професионална и ефикасна заштита на здравствените работници и соработници.

- На сторителите на овој и слични настани треба  да им се изрекуваат казни кои покрај другото ќе придонесат во иднина да не се повторуваат појавите на насилничко однесување врз здравствените работници и соработници во извршувањето на нивната хумана дејност, се наведува во соопштението.