9 починати и 570 заразени од Ковид-19 во Косово
Во Косово во минатото деноноќие се регистрирани нови девет смртни случаи и 570 заболени од Ковид-19, со што бројката на жртви на пандемијата достигна до 1.976 од вкупно 97.467 лица кај кои е откриен коронавирусот од појавата на првите случаи во март минатата година, јави дописникот на МИА од Приштина.
Последните 24 часа се извршени 4.350 тестови на случаи за кои постоело сомневање дека се заразени од коронавирусот (над 470 илјади од почетокот на панемијата), а како излекувани се евидентирани 727 пациенти.
Вклучително вчерашните официјални податоци на Националниот институт за јавно здравство на Косово, бројот на лица кои ја совладале болеста достигна до 81.561, додека активни носители на вирусот моментно во Косово се 13.930 лица.
Владата на Косово на почетокот на неделава донесе нови, заострени, мерки за спречување на ширењето на епидемијата, кои се во сила од 6 до 18 овој месец.
Меѓу другото, се воведе забрана на движењето на граѓаните во периодот од 22 до пет часот, се затворија училиштата и се забрани работата на угостителските објекти (освен со услугите „тејк авеј“, достава на нарачки и „драјв тру“), како и на трговските центри, вежбалниците и фитнес-центрите.
На јавните и приватните предуниверзитетски институции им се наложи да ја одржуваат наставата онлјан во периодот од 12 до 18 април, додека на универзитетите од 6 до 18 април.
Заострени се и мерките за јавни собири, културни, забавни и спортски настани, семејни прослави и погреби, ограничувања на бројот на патници во јавниот превоз и такси возилата и слично.
Режимот за влез во Косово останува како и досега, односно обврска да приложат негативен РТ-ПЦР тест не постар од 72 часа имаат граѓаните на државите од земјите со висок ризик, но не и оние од Северна Македонија и од другите соседни држави.
Ново на Сител
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
-

Нудел помош на граѓани при подигнување пари од банкомат, па им земал дел од парите
