Бизнисот бара итна помош по новите рестрикции
Уште еден голем удар за економијата ќе значат новите рестрикции. Од бизнис заедницата велат дека се свесни за лошата состојба и треба да има мерки, но бараат пратениците веднаш да го донесат пакетот помош. Тврдат дека новите ограничувања освен што ќе нанесат штета врз угостителите, ќе го намали обемот на работа и во другите дејнсоти, а тоа ќе повлече нови отпуштања.
И експертите сметаат дека рестрикции треба да има, но паралелно државата мора да му помогне на стопанството преку разни олеснувања.
Од северозападна комора бараат во приоритетна група за вакцинација да се вклучат и бизнисите, како столб на општеството и економијата.
Бизнисмените очекуваат во втората половина од годинава да има благо подобрување на економската состојба. Со новите одлуки од утре угостителските објекти целосно се затвораат. Владата донесе ваква одлука како превенција од ширење на заразата.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
