Почна демонтажата на галиите
Бродот на среќата е првиот кој ќе биде остранет од реката Вардар. Град Скопје стартува со демонтирање на галиите. Екипите на улици и патишта и полицијата прво почнаа да го вадат инвентарoт од бродот кај хотелот Холидеј ИН. Откако ќе биде испразнет ќе се демонтира констуркцијата. Градоначалникот Шилегов тврди дека сите услови се исполнети за остранување на галијата од реката. Уверува дека процес нема да предизвика финансиски оптоварувања врз градскиот буџет.
Управителот на објектот кој пак е во сопственост на бугарски државјанин тврди дека галијата се остранува незаконски. За случајот известена е и Бугарската амбасада и Европската унија.
Шилегов се надева дека наскоро ќе се создадат услови за остранување и на другите два брода. Галиите се дел од проектот Скопје 2014.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
