Македонија
5. April 2021 - 15:59

Во однос на тоа дека имаме најголема смртност Филипче кажа дека таа е иста во сите земји од регионот

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека смртноста од Ковид-19 е иста во сите земји во регионот.

„Во однос на смртноста, висока е насекаде во регионот. Некако се наметнува тезата дека ние имаме највисока смртност во регионот, но гледаме дека болеста е идентична во сите земји во регионот, сите земји се соочуваат со истите предизвици, и поголем број на новодијагностицирани и поголем број на хоспитализирани и зголемен број на починати“, рече Филипче.