Села: ДУИ ги предаде Албанците со пописот
Неприфатливо е земјата да дојде во ситуација кога постигнатиот договор меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски мора да се почитува, а законот да се игнорира, смета претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.
- Од она што го слушнавме на прес-конференцијата, дека треба да се почитува одлуката на претседател на партија, а да не се почитува законот. Сега се користат други дефиниции, идентификација, верификација и сето тоа со право отвора дилеми за граѓаните, за оние кои се регистрирани да имаат вистински процес на попис. Она што го бараме не сега, ниту пред 10 години, туку од 90-тите години. Амандманот што го спомнавте е најјасен пример за тоа како ДУИ се обидува да манипулира со јавноста, да го скрие предавството што им го прави на Албанците, фрлајќи ја вината на друго место, додека за да го одложиме или да не го одложиме пописот, ја имаме само ние, рече Села.
Ново на Сител
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи