Димитров: Очекуваме Германија да остане проактивна за заслуженото отворање на преговорите
Мериторното интегрирање, постигнувањето на консензус за преговарачката рамка и што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, беа темите разгледани денеска во Берлин на состанокот на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров со Нилс Шмид портпарол за надворешни работи на парламентарната група на Социјал-демократската партија во Бундестагот.
Како што соопшти МНР, Димитров со германскиот пратеник, го споделуваат ставот дека билатералните спорови не смее да бидат кочница во пристапниот процес
-Принципелната позиција на Германија за остварување на ветувањето кон Македонија и регионот да се приклучат кон Унијата, како резултат на нивната демократска трансформација, е еден од главните двигатели кои ни влеваат доверба во успехот на интегративниот процес. Поминавме долг и трнлив пат поплочен со бројни предизвици кои на моменти изгледаат и ненадминливи, но мора да се направи граница меѓу условите за почеток на преговорите и нерационалните барања, кои се косат со се’ што е европско, рече Димитров.
Вицепремиерот Димитров, исто така, се посочува, информираше и за клучните реформски активности кои се насочени кон задржување на позитивното европско досие на Македонија, со акцент на областите поврзани со владеење на правото, како што се реформата на правосудството, борбата против организираниот криминал и корупција, слободата на изразување и медиумите. Станува збор, се додава, за суштински теми и прашања, особено значајни за напредок во пристапниот процес со ЕУ, опфатени во „Агенда: Европа дома”.
На овие теми, се наведува, се разговараше и со Сабине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики во германското МНР и Сузане Шуц, директорка во Министерството за надворешни работи на Германија, за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, на кои вицепремиерот Димитров им ги пренесе очекувањата Германија и понатаму да остане проактивна кон остварување на заеднички утврдената стратешка цел.
-Не постои сомнеж кај нашите германски пријатели дека Македонија заслужи отворање на преговорите уште минатата година. И покрај несиполнувањето на нашите легитимни очекувања, стартот на преговорите не само што ќе биде поттик за македонската страна, туку истовремено ќе биде и нов импулс за политиката на проширување на ЕУ, истакнал Димитров, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково
-
Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје